Разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени ги принуди жителите во јужна Турција и северна Сирија да бараат засолниште по улиците и продавниците во студено време.
Деца, жени и стари луѓе спиеја под ведро небо без никакви извори на топлина.
На социјалните мрежи е објавена шокантна фотографија за која се тврди дека е направена во Алепо.
На него се гледа како спасител носи новороденче во рацете. За жал, приказната нема среќен крај, бидејќи Сиријката, која родила бебе под урнатините, не успеала да преживее по породувањето, како што се тврди на Твитер.
Објавена е и снимка од моментот кога спасувачот го носи новороденчето на безбедно. Како што се тврди на Твитер профилот на корисникот Пајал Мохиндра: „Живот среде уништување! Трудница која се бори за живот под урнатините родила дете“.