Ние се грижиме за толку многу работи, така што е многу тешко да се живее во моментот. Постојано сме под стрес, се чувствуваме исцрпени, па дури и сме исполнети со страв, размислувајќи за утрешниот ден и за иднината. Меѓутоа, Светото Писмо – Библијата со јасност и леснотија нè учи на една порака: треба да избереме да го поминуваме секој ден од нашиот живот без да се грижиме.
Нашиот драг Господ и Спасител, Исус Христос, ни ги оставил овие прекрасни зборови: „И така, не грижете се за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.“ (Матеј 6:34)
„Не грижете се за ништо, туку во сè преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога!“ (Филипјаните 4:6)
Кратка молитва: Господи, Те молам помогни ми да запомнам дека не треба да се грижам за ништо, туку да Ти предадам сѐ на Тебе. Да бидам охрабрен/а да Ти ги кажам сите мои грижи и проблеми, и сѐ да ставам во Твои раце, зашто Ти ќе се погрижиш за сѐ. Дај ми вера во Тебе и помогни ми Твоето име да се прослави преку мојот живот. Сѐ да биде за Твоја слава! Те молам и Ти благодарам во името на Исус Христос, амин!