Еднаш кога ќе остарам, биди трпелив со мене и обиди се да ме разбереш…

Драги сине/ќерко,
Сега с еуште не сум стар но кога ќе остарам, се надевам дека ќе ме разбереш и ќе имаш трпение за мене..
Ако случајно ја скршам чинијата… или ја истурам супата бидејќи го губам видот…
Се надевам дека нема да ми викаш.
Постарите луѓе се чувствителни и се самосожалуваат кога им викаш.
Кога ќе ми се влоши слухот,и кога нема да можам да те слушнам,
се надевам дека нема да ме викаш “глуво“!
Те молам повтори ми што ќе кажеш или запиши ми.
Прости, дете мое.
Јас остарувам.
Кога моите колена ќе ослабнат,се надевам ќе имаш трпение да ми помогнеш да станам.
Исто како што јас ти помагав додека ти беше мало,те учев како да проодиш.
Те молам биди со мене ,кога ќе почнам да се повторувам себе си како расипана плоча, се надевам дека ќе продолжиш да ме слушаш.
Те молам не ме исмевај или нека не ти се смачи слушајќи ме.
Се сеќаваш ли кога беше мало и сакаше балон?
Цело време се повторуваше се додека не го добиеше.
Исто така, те молам прости за мојот мирис.
Мирисам на стара личност.
Моето тело е слабо.
Старите луѓе лесно се разболуваат.
Се е дел од стареењето.Ќе разбереш кога ќе остареш.
Се надевам дека ќе можеме да поразговараме неколку минути.
Постојано сум сама и немам со кого да разговарам.
знам дека си зафатено со работа.Дури и кога не си заинтересирано за моите приказни, те молам имај време за мене.Се сеќаваш кога беше мало? Често ги слушав твоите приказни за твоето мече.
Кога ќе дојде времето,и кога ќе легнам на постела,се надевам дека ќе имаш трпение да се грижиш за мене. Прости ако го намокрам креветот.
Се надевам дека ќе имаш трпение да се грижиш за мене, во последните моменти од мојот живот.
Нема да трае многу долго, и онака.
Кога ќе дојде времето за мојата смрт, се надевам дека ќе ме држиш за раката, и ќе ми дадеш сила да се соочам со смртта.

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *