Придобивки од пешачењето!

Да останете во форма, може да биде тешко, но сепак ова е нешто што секој еден од нас треба да го прави за да го осигура своето здравје. Како и да е не треба да одите во теретана или да трчате по 5км секој ден. Редовните прошетки можат да бидат доволни за да го подобрат вашето здравје и да ве задржат во добра форма. Здравствените придобивки од редовното пешачење се многубројни.

Освен подобрувањето на вашето ментално и кардиоваскуларно здравје, а и фактот дека ви помага во слабеењето, редовното вежбање може да биде одличен начин за да вдишете малку свеж воздух и да се снабдете со доволно витамин Д кој ќе ви го подобри здравјето и здравствената состојба.

Постојат девет здравствени придобивки од пешачењето кои може да ги доживеете ако пешачете и само 30 минути секој ден. Ќе забележите подобрување на вашето физичко и ментално здравје. Пешачењето е препорачано од Маyo Clinic како вежбање со низок интензитет, и може да ви помогне на следните начини:

  1. Го подобрува менталното здравје: Еден од главните бенефити на пешачењето е тоа дека може да ви го подобри расположението. Според Mayo Clinic, пешачењето може да ви помогне во подобрување на симптомите на депресија и анксиозност.

    benefits of walking

  2. Ефективно помага во намалување на телесната маса: истражувачите од Harvard Medical School, пронашле дека редовното пешачење може да го намали ефектот на 32 гени во човечкото тело кои промовираат дебелина.

    regular walks

  3. Го намалува ризикот од некои видови на рак: две студии од American Society for Clinical Oncology, покажуваат дека пешачењето три часа во неделата може да го намали ризикот од смрт поради рак на дојка или на мочен меур, за половина.

    health benefits

  4. Ви помага да го подобрите имуниот систем: пешачење најмалку 30 минути на ден, го зголемува нивото на клетки во човековиот имун систем, покжала студија направена од Appalachain State University  во North Carolina.
  5. Може да биде ефективно во превенција на дијабетес: The American Diabetes Association изјавила дека: „аеробните вежби му помагаат на вашето тело да го искористува инсулинот подобро,“, и ова може да се постигне и со дневна брза прошетка по оброк.
  6. Ја намалува желбата за слатки и потребата за јадење под стрес: Студиите од University od Exter, пронашле дека пешачењето во траење од само 15 минути може да помогне да се надвладаат желбите за слатка храна. Исто така е пронајдено и дека се намалува потребата за храна при стресни ситуации.
  7. Многу придонесува за здравјето на кардиоваскуларниот систем: Една од придобивките од пешачењето е дека го поддржува и подобрува здравјето на срцето. Студија од Harvard Medical School пронашла дека пешачењето околу 20 минути на ден може да го намали ризикот од срцеви болести за 30%.
  8. Помага за подобрување на подвижноста кај лица во напреднати години: Студија од American Medical Association заклучила дека еден од најголемите бенефити од пешачењето е дека промовира подобро физичко здравје кај лица помеѓу 70 и 89 години. Тие кои вежбаат редовно во нивните помлади години, драматично ги намалуваат шансите за подоцна да се здобијат со некоја физичка неспособност.

walking regularly

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *