ПРИКАЗНА ОД 20 СЕКУНДИ: Бог прави чуда од нашите слабости!

Некој стар трговец со вода секое утро одел на изворот каде ги полнел своите две глинени стомни и ги носел на рамења до купувачите во градот.

Едната стомна била напукната и затоа носела помалку вода до целта, додека другата била добра и носела повеќе заработка. Непукнатата стомна била горда бидејќи во неа носачот носел повеќе вода од скршената, а скршената стомна се срамела поради тоа. Чувствувајќи се помалку вредна, скршената стомна еден ден му рекла на сопственикот:

“Се срамам бидејќи не можам да ти служам така како што треба. Свесна сум за своите ограничувања и дека поради мене не ја добиваш очекуваната заработка, бидејќи сум полупразна кога ќе стигнеме во градот. Те молам, прости ми ја мојата слабост“.

Следното утро, на патот од изворот спрема градот, сопственикот ја прашал скршената стомна:

“Погледни покрај патот, што гледаш?”

“Преубав е, полн со цвеќиња”, одговорила стомната.

“Преубав е благодарение на тебе. Дали си забележала дека цвеќето по патот е само на твојата страна, но не и на страната на целата стомна? Тоа е бидејќи знаев за твојот недостаток па купив семе и го посеав на твојата страна од патот, а ти, не знаејќи, секој ден го полеваше. Веќе две години го берам тоа прекрасно цвеќе  кое на мене и на моето семејство ни носи голема радост. Кога ти не би била таква каква што си, тоа цвеќе не би не радувало секој ден.

Затоа не заборавај дека сите помалку сме скршени , но Бог знае како да направи чудо од нашите слабости.“

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *